Peugeot го претстави E-408

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot ја прошири својата палета на електрични автомобили со воведувањето на E-408. Новиот модел е опремен со батерија со капацитет од 58,2 kWh, која обезбедува автономија од 453 километри со едно полнење. Моќта ја обезбедува електромотор со капацитет од 210 коњски сили, кој се пренесува на предните тркала.

Брзината на полнење на E-408 е релативно побавна во однос на некои други електрични возила, со максимална брзина на DC полнење од 120 kW.

Потребно време за полнење:
• На 7.4kW ѕиден полнач (32 A) и со 7.4kW еднофазен вграден полнач за целосно полнење потребно е 1 час и 40 минути.
• На засилен приклучок (14 A) и со 3.7kW еднофазен бграден полнач за целосно полнење е потребно 3 часа и 55 минути.
• На стандарден приклучок (8A) и со едофазен вграден полнач (3.7kW) за целосно полнење е потребно 7 часа и 05 минути.

E-408 нуди атрактивен пакет за оние кои бараат стилски и практичен електричен кросовер. Во споредба со моделите DHG, разликите се минимални и се изразени со минимални акценти во надворешноста и внатрешноста.

Постојат две нивоа на опременост: стандардни Allure и GT. Загреан волан и загреани седишта се стандардни во салонот. i-Cockpit располага со централен дисплеј од 10 инчи со висока резолуција, а под него се конфигурирани кратенки со копчиња на допир. Покрај TomTom навигацијата и далечинските ажурирања, Peugeot му обезбеди на e-408 ChatGPT.

PEUGEOT нуди целосно спокојство на своите клиенти обезбедувајќи за PEUGEOT E-408 гаранција 8 години/160,000 km преку ALLURE CARE програмата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK