Peugeot e-208 победи во трката за електромобили – помина 305 км. без полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Во трката за електромобили учество земале 22 автомобили, кои биле поделени во две групи според капацитетот на батеријата, со моќност до 50 kWh и над 50 kWh.

Екипаж од Литванија зад воланот на целосно електричниот Peugeot e-208 стана најбрзиот во категоријата до 50 kWh (капацитет на батеријата) во трката за електрични автомобили Ignitis ON: Истражете ја Литванија.

Прецизноста на екипажот и ефикаснота на автомобилот довеле до убедлива победа во трката, што се одржува веќе шест години по ред. Во трката за електромобили учество земале 22 автомобили, кои биле поделени во две групи според капацитетот на батеријата, со моќност до 50 kWh и над 50 kWh.

Натпреварувачите во категоријата со пониска моќност треба да поминат дистанца од 300 километри без да полнат, а групата со над 50 kWh растојание од 500 км. Porsche Taycan владееше во категоријата на помоќните и далеку поскапите модели, додека Peugeot e-208 победи во групата до 50 kWh.

Очекувањата стануваат реалност

Пред почетокот, тркачките екипи добија список со различни места во Литванија. Секој тим требаше да ја определи својата траса, по која ќе се движи, кога ќе вклучи три од тие точки. Тимот на Peugeot e-208 и конкурентите во истата класа требаше да поминат најмалку 300 километри од Вилнус до Друскининкеј. Возачите Витолдас Милиус и Ајдас Бубинас одлично ја пресметуваат својата траса, вклучувајќи две интересни точки кај Укмер и една во Дсукининкеј и пристигнуваат во финишот со километража од 305 километри.

Екипажот го покрива речиси целото растојание од 305 километри со максимално дозволена брзина, а единствен исклучок е автопатот Вилнус – Укмер, каде максималната брзина била 100 км/ч (официјалното ограничување на брзината таму е 130 км/ч). Овој дел е првиот од целата траса од 3045 километри. Возачите не сакале да ризикуваат со користење на премногу енергија во многу рана фаза и бираат оптимална брзина и потрошувачка на енергија потполно успешно.

Различните решенија кон патувањето даваат резултат. Peugeot e-208 го поминува растојанието од 305 километри за 3 часа и 59 минути со предност од четири минути пред второпласираниот тим.

Трката е близу до реалните услови за возење. За време на трката Peugeot e-208 користи средно 13,6 3 kWh/100 км. Тоа е речиси идентично со резултатите од тестовите на WLTP:13,3 kWh/100 км.

Повеќето од овие 305 километри се рурални патишта, барем една четвртина од трасата е по автопат, а возењето низ градовите е минимално. Предностите на електричниот автомобил се откриваат со точност при возењето во градски услови, така што резултатот од средната потрошувачка на енергијата е постигната од Милиус и Бубинас е многу близу до секојдневната употреба. Средната брзина на целото патување е 76 км/ч, а пресметките на возачите се импресивно точни, кога екипажот достигнува до финишот на борд компјутерот останува автономија од пет километри.

Тимот на Peugeot одбира да вози побавно за да ја помине маршрутата без запирање за полнење, што се покажува како победничка тактика за трката. Во секојдневната употреба често се вози побрзо и се прават запирања за побрзо полнење. Батеријата на e-208 се загрева и се лади и има максимален капацитет на полнење од 100 kW, што дозволува полнењето да биде за само неколку минути за дополнителни 100 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK