Новата генерација на Peugeot 508 доби една од престижните награди за дизајн кои ги врачува агенцијата Automotive News Europe. Со наградата Eurostar Design секоја година се наградуваат луѓе, кои имаат создадено иновациски продукт во автомобилскиот сектор.
Наградата му беше врачена на Пјер-Пол Матје, кој го предводи дизајнерскиот тим што работи на седанот. Новото 508 е наградено поради смелите решенија на надворешниот дел, но и поради нестандардните решенија за внатрешноста. Моделот ја добил најновата верзија на PEUGEOT i-Cockpit®, која ги зачувуа клучните компоненти – компактен волан, голем 10-инчен сензорен екран и дигитален дисплеј на ниво на очите со висока резолуција и можност за персонализација.
Во Париз францускиот производител претстави уште еден забележителен модел, кој го претстави неколку дена пред почетокот на саемот. Тоа е концепцискиот Peugeot e-Legend, чија цел е да покаже како современите дизајнерски решенија да можат да даваат линкови кон минатото. Тоа не е случајно бидејќи овој модел е инспириран од легендарното купе 504.
Во бројки конценпцискиот автомобил изгледа вака: моќност од 462 коњски сили, забрзување од 0 до 100 км/ч за 4 секунди и можност за возење со едно полнење од 600 километри. Во внарешноста има 16 дисплеи кои се комбинирани со луксузен ентериер од скапи материјали. Целта е да биде пријатно и удобно, а истовремено со тоа да се навраќа кон прародителот Peugeot 504 Coupé.