Peugeot 406 помина милион километри без дефекти

ОБЈАВЕНО НА:

Еден Peugeot 406 помина неверојатни милион километри, а тоа се случи во Франција. Возилото беше користено од страна на таксист во периодот од 2002 до 2016 година, а после минати 911.000 километри било предадено на управување на синот на Ели Били. Тој продолжил со возење и успеал да дојде до оваа заоркужена бројка.

Тоа е голем успех за автомобил кој главно се движел низ град, а притоа според зборовите на сопственикот немало сериозни дефекти на неговиот дволитарски турбодизел мотор.

Блокот на моторот, цилиндрите, менувачот… сè и понатаму е оригинално и никогаш немало потреба од некаква замена.

Сегашниот сопственик на возилото тврди дека овој Peugeot 406 е уредно одржуван и дека тоа е еден од клучевите на успехот.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK