Peugeot 308 GTI на пауза од јуни до октомври

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот режим за мерење на средната потрошувачка на гориво, Worldwide Harmonized Light Vehicle Test Procedure (WLTP), ќе влезе во сила веќе оваа есен во Европа. Сепак, работите не одат најдобро бидејќи веќе ја однесе и новата жртва.

Откако BMW требаше да го смени производството и продажбата на M3 и верзијата на 7-Series со 12 цилиндри, а Audi истото со SQ5, Peugeot ќе мора привремено да паузира во доставувањата на спорскиот 308 GTI. Ограничувања има и кај Porsche.

Се предвидува дека францускиот бренд ќе го тргне од понудата моделот од крајот на јуни до почетокот на октомври. Сепак, постои убедување дека спортскиот модел ќе се врати во понудата.

За да одговори на новите стандарди, 308 GTI ќе добие филтер за тврди честички, но добрата вест е дека моќноста ќе остане непроменета при 270 коњски сили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK