Peugeot 308 GTi мораше да „ослабе“ за да ги исполни WLTP стандардите

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1 септември стартуваше примената на новите, поригорозни барања во однос на еколошките норми. WLTP тестот се покажа доста проблематичен, за многу авто производители особено оние од Volkswagen Групацијата.

За разлика од германската мултинационална компанија, францускиот Peugeot без проблеми ги исполни барањата поставени во т.н. WLTP протокол. Меѓутоа проблематичен е статусот само на една моделска изведба. Станува збор за GTi изведбата на 308 кој во моментов не ги исполнува во целост WLTP барањата, а францускиот производител веќе работи на отстранување на недостатоците.

Спорен е четирицилиндарскиот 1.6 литарски мотор кој ќе мора дополнително да се доработи со додавање на филтер кои ќе помогне во исполнувањето на Euro6C регулативите. Со ова ќе се изгубат 7 КС и сега овој модел е располага со 259 КС.

Со цел да ги отстрани сите недостатоци, продажбата на овој модел е привремено стопирана, а се очекува непречено да продолжи кон крајот на овој месец.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK