Peugeot 3008 е светски женски СУВ автомобил на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Вкупно 25 жени новинарки коишто пишуваат за автомобили од 20 различни држави гласаа за женски автомобил на годината во светот, а оваа година изборот беше на Peugeot 3008. Оваа награда е доделена во категоријата SUV.

Во конкуренција за 2017 година беа вкупно 420 автомобили кои беа поделени во шест различни категории: семеен, SUV, економичен, екологичен, динамичен и луксузен. Наградата во категоријата SUV е 35-тата по ред за PEUGEOT 3008, кој беше избран и за „Автомобил на годината“ во Европа за 2017 година.

„PEUGEOT 3008 победи со елегантниот и впечатлив PEUGEOT i-Cockpit, со својот надворешен и внатрешен дизајн, како и со своето управување и задоволство при возењето“, изјави Санди Мир, претседателот на „Светски женски автомобил на годината“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK