Една година како што е дел од автомобилскиот свет, Peugeot 208 ги освои речиси сите можни награди. Откако беше прогласен за автомобил на годината во Европа, овој мал градски автомобил е прогласен за автомобил на годината за 2020 година и во Хрватска.
Жирито составено од стручни лица од автомобилската индустрија, пред се новинарски работници, истакнуваат дека дизајнот, сигурноста и економичноста се трите параметри по кои овој модел значително се издвоил од останатите финалисти.
На свечената церемонија Mitsubishi Space Star ја доби наградата за најдобар градски автомобил. Во C сегментот победник е новата Toyota Corolla, а за најдобар SUV е прогласен Skoda Kamiq. Во премиум конкуренцијата победата ја однесе Mercedes-Benz CLA.
Toyota доби и награда за екологија додека за сигурност припадна на Renault Clio. Suzuki Vitara пак, ја доби наградата за најдобар половен автомобил за купување.