Peugeot 208 поради нов дефект мора пак на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред неколку денови беше објавено дека новиот модел на Peugeot што се произведува во фабриката во Кенитра, Мароко ќе мора да мине низ сервисна контрола сега стигнува уште едно предупредување. Повторно за моделот 208, ама овојпат за оние возила произведени во фабриката во Франција.

Сега проблематични се тркалата. Се работи за модели протизведени во периодот од 29 јули до 2 декмеври 2019 година. Во објаснувањето од Европската комисија од каде стигнува предупредувањето се вели дека:
„Предниот дел од куќиштето на тркалата може да не се доволно прицврстени. Како резултат, тие може да се одвојат во текот на движење, што претставува ризик за сообраќајот.

Покрај тоа што првите пријави стигнале од Германија, вакви возила со проблематични тркала се пронајдени и во Ирска, Полска и во Словенија.

Notification_A12_00762_20_en

На Peugeot 208 му најдоа маана на управувачот

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK