Peugeot 208 е најпродаван автомобил во Европа во февруари

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата JATO Dynamics важи е една од најреномираните кога станува збор за анализа на податоците за продажбата на нови автомобилит. Според најновите податоци на агенцијата најпродаван нов автомобил во Европа во февруари е Peugeot 208. Истите податоци покажуваат дека традиционално добро продаваниот модел VW Golf сега е дури на третото место и има за 34 отсто помала продажба во однос на истиот период лани.

Лидерот во продажбата, Peugeot 208 има пад на побарувачката од 12%, автомобилот и покрај тоа ја зазема водечката позиција со 18,375 продадени возила, На второ место е уште еден претставник на истата француска марка – моделот 2008 со 17.120 реализирани возила и со раст од 51 отсто во однос на лани.

Во Топ-5 на најпродаваните нови автомобили во Европа за февруари се наоѓаат: VW Golf (16 185, -34%), Toyota Yaris (15 467, + 7%) и Fiat Panda (15 400, -13%).

Во однос на најпродаваниот plug-in хибрид во вториот месец од 2021 година на првото место е Volvo XC40 со 3.479 возила и импресивен раст од 323%, втор е Peugeot 3008 со 2.564 (+ 120%), а трет е Renault Captur со 2.522 (нов модел).

Најпродаваниот нов електричен автомобил во Европа во февруари е Tesla Model 3 (5.405 единици), а во ТОП-3 се вклучени и Volkswagen ID.3 (3557) и Renault ZOE (3547).

JATO Dynamics коментира дека вкупниот пазар на автомобили во Европа се намалил за 20% во февруари на 848.455 примероци. Од оваа бројка на целосно електрични и хибридни возила отпаѓаат 115.000 возила.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK