Peugeot 108 и Citroen C1 заминуваат во историјата? Неисплатливо е производството…

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата е пред дефинитивна одлука за прекин на производството на моделите Peugeot 108 и Citroen C1 поради неисплатливост.

Оваа вест ја објавија Automotive News и Reuters кои наведуваат дека клучната причина за оваа одлука е слабата продажба изминатиов период поради што трошоците за овие модели се зголемуваат.

Моделот C1 во понудата на францускиот поризводител датира уште од 2005 година. Од друга страна моделот 108 во производство се појави во 2014 година и претставена е само една генерација од овој модел.

И двата модели во моментов се произведуваат во фабриката на PSA во Колин, Чешкa, а во истата се произведува и моделот Toyota Aygo. Сите три модели делат иста платформа, а користат и иста технологија.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK