Петте најмали држави во светот: Земјите се мали, но привлечни за туристите

ОБЈАВЕНО НА:

На границата меѓу Европа и Азија постојат педесетина земји чии територии делумно се наоѓаат и на двата континенти. Поради тоа што границите меѓу Европа и Азија не се јасно дефинирани, па затоа многу често за ова подрачје се користи и терминот Евроазија.
Европа има површина од околу 10.500.000 квадратни километри додека бројот на жители на континентот според проценката за 2016 година е 738 милиони. Најголемата европска земја според бројот на жители и по површина е Русија, а земја која е членка на Европска унија со најмногу жители е Германија.

Европа, меѓутоа е позната и по своите микро држави, кои без оглед на тоа што се мали како по правило претставуваат примамлива дестинација за туристите, па во нив секоја година поминуваат илјадници туристи од разни краеви на светот.

Ова се петте најмали држави во Европа.

  1. МАЛТА

Република Малта се состои од група на острови кои се наоѓаат во Средоземното море во Јужна Европа. Поголемите острови се Малта, Гозо и Камино. Нивната вкупна површина изнесува 316 квадратни километри. Во 2016 година имало 439.947 жители, а јазикот на кој се говори е малтешки. За официјална комуникација се користи и англискиот јазик.

Главен град на Малта е Валета, кој е најмалиот главен град во сите земји од Европската унија. Малта својата независност ја доби во 1964 година, а Република е од 1974 година. Пред сè поради својата медитеранска положба, Малта е важна туристичка дестинација во Европа.

  1. ЛИХТЕНШТАЈН

По своето уредување Лихтенштајн е кнежевство. Се наоѓа во централна Европа. Го опфаќа подрачјето во долината на реката Рајна во Алпите, опкружено со територија на две поголеми земји: Швајцарија и Австрија. Површината изнесува 160 километри квадратни, а според пописот од 2016 година во него живеат 37.666 лица.

Главен град е Вадуц, а официјален јазик е германскиот. Лихтенштајн, како една од алпските земји е многу популарен меѓу љубителите на скијањето и претставува идеална дестинација за зимските спортови.

  1. САН МАРИНО

До 1968 година беше најмалата Република на светот, но таа година Науру во Микронезија стекна незавиност и ја понесе титулата за најмала земја на светот која по државно уредување е Република.

Сан Марино е микро држава и енклава во Италија. Површината изнесува околу 61 километар квадратен, а специфична е по ридестиот релјеф. Според резултатите од пописот во 2016 година, Сан Марино има 33.285 жители, а главниот град исто така се вика Сан Марино. Официјален јазик во оваа земја е италијанскиот.

Без оглед на тоа што е така мала земја, Сан Марино е една од најстарите држави во светот, а до денес тоа е една од најбогатите светски земји и дефинитивно примамлива туристичка дестинација.

Интересен е податокот дека Сан Марино е единствената земја на светот каде што моторните возила го надминуваат бројот на жителите. Во 2014 година беше 1263 возила на 1000 лица.

  1. МОНАКО

Монакот е автономент град-држава сместен на француската ривиера со официјално име Кнежевство Монако. Се простира на површина од околу 2 квадратни километри, што е втората најмала земја на светот. Пописот од 2016 година покажа дека Монако има 38.499 жители, а официјалниот јазик е францускиот, а во официјална употреба се и италијанскиот и окситанскиот јазик.

Својата независност Монако ја стекна во 1886 година со потпишување на француско-монегашкиот договорот со кој е прогласена независност на кнежевството. По државно уредување Монако е монархија.

Овој статус е стекнат во 1911 година кога е утврдено дека господарот на Монако ќе биде суверен принц, а сегашен владетел е принцот Алберт II.

Монако е прочуен во светот по тоа што не ги оданочува добивките и има релативно ниски такси за фирмите поради што доби епитет на земја со најбогати луѓе. Монако е и популарна светска туристичка дестинација, а прочуен е по своите казина. Исто така е и домаќин на ГН на Монако, една од најатрактивните трки во Формула 1.

  1. ВАТИКАН

За секој турист кој ќе дојде во Рим, една од дестинациите кои не се заобиколуваат на мапата е прошетката низ Ватикан. Тоа е најмалата земја не само во Европа туку низ целиот свет и тоа и по големина (0,44 квадратни километри) и по бројот на жители (во 2015 година околу 1000 жители).

Земјата нема официјално самоуправување туку со неа управува Светата столица. Самоуправувањето во Ватикан е воспоставено според Латерантскиот договор кој е потпишан на 11 февруари во 1929 година меѓу Светата столица и Италија.

Официјален јазик е италијанскиот, а по уредување Ватикан е апсолутна изборна монархија со која управува Папата.

Ватиканските музеи и нивните ризници се една од најголемите атракции во Рим, а годишно ги посртуаат повеќе од еден милион туристи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK