Земајќи го предвид богатиот вокабулар во балканските земји со пцовки, навредни и грди називи, направен е список на на некои од најглупавите називи на автомобили. Имињата на автомобилите, па и другите предмети во оригинал и на јазикот од земјата каде потекнуваат значат едно, но преведени на друг јазик може да значат нешто сосема друго, понекогаш и многу смешно.
- Renault LeCar
Само на момент замислете дека LeCar се преодавал на Балканот и прочитајте го на глас „онака како што зборувате“.
Овој модел Хрватите би можеле да го доживеат како провокација бидејќи изговорот не е LeKar, туку LjeKar. Renault со овој автомобил би испаднал службен автомобил во процесот на отцепување. Во секој случај делува смешно.
Renault LeCar… LeKar… LjeKar… Само без судири…
- KIA Mentor
Mentor? Mentor за што, чиј Mentor? Делува малку чудно и малку смешно.
- Ford Ka
Ford Ka што?!? Ka(ко) оној автомобил? Ka(ко) оној човек? Некој коментар за ова?
Дефинитивно возило според говорот во Далмација… Ка=Како.
- Subaru Brat
Иако овој автомобил не се продавал ни близу до Балканот, секако влегува во групата на автомобили со најсмешни имиња.
Овој Subaru дефинитивно има „кул“, а станува збор за возило кое толку многу сакаше да замине во Америка, што дури тоа и не беше нормално. Сепак, после прифаќањето Subaru Brat (веќе само по себе делува смешно кога ќе се напише) на тамошниот пазар следуваше и една од подобрите измами во светот на автомобилите.
Брат за брат добар Subaru.
- Proton Jebat Concept
Замислете Proton да го исфрли овој модел на пазарот и истиот да се појави на Балканот.
Веќе замислуваме како претставникот на Протон на балканските простори добива константни телефонски повици од шегобијците и со прашања како: „Колку е гарајцијата за Jebat?“, „Може ли да се проба Jebat?“, или „Што од опремата е на листата на Jebat?“
Замислете ги маркетиншките слогани како: „Испробајте (го) Jebat на отворени денови“ или некој скриен слоган како: „Зошто Jebat за само ’толку пари’ месечно“.
Дефинитивно штета што Jebat никогаш не се појавил на пазарот во некоја од земјите од поранешните ју простори.

Следете не и на:

