Петтата генерација на Seat Ibiza доаѓа на 31 јануари

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот автомобилски бренд што е дел од Volkswagen конзорциумот потврди дека новата, петта генерација на Ibiza ќе биде претставена на 31 јануари.

Моделот ќе биде поставен на MQB платформата, исто како и следниот модел на VW Polo, и ќе понуди повеќе простор и подобра квалитет во материјалите во внатрешноста.

Засега се уште е малку мистерија надворешниот изглед на моделот, бидејќи Seat успешно ја крие надворешноста од многуте папарацо фотографи користејќи силна камуфлажа, или е преправен како ривалскиот Hyundai i20.

Ако од ваквите фотографии треба да се погоди изгледот, тогаш многу потсетува на мини Leon, што значи дека новата Ibiza ќе има доста заеднички детали со поголемиот брат, и тоа пред се` чист дизјан со карактеристичните ЛЕД светла на брендот, и познатата предна решетка на каросеријата. Новата генерација на Ibiza ќе има и потомци, мал кросовер што најверојатно ќе го носи името Arona, и ќе биде позициониран под Ateca, и треба да биде конкуренција на Nissan Juke.

Поради користењето на MQB платформата ќе има и одредено мало намалување на тежината на моделот, потоа најновиот инфотамент систем и разни турбо бензински и дизелски мотори, што одат заедно со мануелен или автоматска трансмисија со двојно квачило.

На одредени пазари веројатно основен модел ќе биде со 1,0 литарски мотор, а се претпоставува најинтересен би бил новиот 1,5 литарски TSI што ќе го замени сегашниот 1,4 TSI мотор.

На европскиот пазар Seat Ibiza би требало да стигне летово.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK