Минатогодишниот победник на релито Дакар го презеде водството после 3. етапа и го мина клупскиот колега Сирил Депре. Откако денеска во 3. етапа го освои 2. место зад Насер Ал-Атијах успеа да дојде до доволно добро време за да се позиционира на врвот и да има солидна предност пред колегите.
Peugeot и понатаму е всо одлични возачи, но и Toyota покажува дека има квалитетни возачи така што трката меѓу нив продолжува на ова рели.
Кај мотоциклистите Сем Сандерленд успеа да стигне до победа со што изби и на врвот во генералниот пласман. Тој искористи можност така што успеа да се најде пред своите конкуренти и утре ќе стартува со одлична предност.
Во конкуренција на камионите Русинот Едуард Николаев ја зголемува предноста, а веќе после третата етапа остана само еден колега кој е со пристојно заостанување додека другите се далеку назад.
ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН (ПОСЛЕ 3. ЕТАПА)
МОТОРИ
- Сем Сандерленд (Red Bull KTM Factory Team) 6:44.23
- Кевин Бенавидес (Monster Energy Honda Team) +4.38
- Пабло Квинтанила (Rockstar Energy Husqvarna FR) +5.00
- Тоби Прајс (Red Bull KTM Factory Team) +7.28
- Ricky Brabec (Monster Energy Honda Team) +8.00
АВТОМОБИЛИ
- Стефан Петерхансел (Team Peugeot Total) 6:34.58
- Сирил Деспре (Team Peugeot Total) +3.11
- Насер Ал-Атијах (Toyota Gazoo Racing Sa) +7.43
- Себастијан Леб (Теам Peugeot Total) +10.11
- Жинил де Вилирс (Toyota Gazoo Racing Sa) +11.23
КАМИОНИ
- Едуард Николаев (Kamaz-Master) 7:47.19
- Федерико Вилагра (Infinia Diesel Team De Rooy) +8.58
- Алексеј Вишневски (MAZ-Sportauto) +52.34
- Сирхеј Вијазович (MAZ-Sportauto) +53.32
- Мартин Мацик (Big Shock Racing) +1:01.24