вторник, 25 декември, 2025 година

Пет трки во Бугарија, Косово и Грција ќе се бодуваат за македонско авто првенство

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Новата сезона во автомобилизам во Македонија треба да почне на 5 мај со кружна трка во Кичево, и да заврши исто така со кружна трка, но на патеката Серес во Грција. Автомобилистичката федерација на Македонија го објави календарот според кој се планирани вкупно 13 трки, од кои пет ќе се возат надвор од Македонија, а ќе се бодуваат за домашниот шампионат.

По две трки ќе се возат во Бугарија и во Грција, и една во Косово. Во првенството на кружни патеки од вкупни шест планирани трки, четири ќе се возат во Кичево и две на кружната патека во Серес, Грција.

- Advertisement -

Две трки се планирани, но не потврдени туку во најава. И двете се на ридски патеки, Кавадарци и Водно. Во рамките на првенството ќе се вози и Твинго купот во својата втора сезона, но тие трки се уште не се потврдени.

Трките на ридски патеки ќе почнат на 24 мај со трка во Благоевград (Бугарија), а се завршува со натпреварување на Водно на 18 октомври. Планирани се седум трки, од што три во странство, две во Бугарија и една во Косово. Единствената трка во Косово – Кула, е планирана за 28 јуни.

КАЛЕНДАР НА РИДСКИ ТРКИ
23/24 мај – Благоевград (Бугарија)
27/28 јуни – Кула (Косово)
25/26 јули – Кавадарци
22/23 август – Ќустендил (Бугарија)
5/6 септември – Крушево
19/20 септември – Кочани
17/18 септември – Водно

КАЛЕНДАР НА КРУЖНИ ПАТЕКИ
4/5 мај – Кичево
9/10 мај – Кичево
13/14 јуни – Серес (Грција)
11/12 јули – Кичево
3/4 октомври – Кичево
14/15 ноември – Серес (Грција)

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја