Цената на горивото и осигурувањето се зголемувat,а тоа се основните точки во буџетот за одржување на еден автомобил.
Авто-деловите и работната рака на механичарите во сервисите исто така поскапува, а тоа е причина сопственикот да го „затега ременот“ за да може да издржи.
Затоа е многу важно да се знае дека откажувањето од некои скапи навики може многу да помогне, а се работи за навики кои многу возачи ги имаат добиено со текот на годините.
Задоцнето одржување
Некои возачи одлучуваат да го игнорираат техничкото одржување на автомобилот (ова не треба да се меша со технички преглед). Станува збор за редовен сервис односно смена на маслото и други основни материјали, кои треба да се менуваат на определен период. Одложувањето на одржувањето нема да ви заштеди пари туку напротив може сериозно да ја влоши состојбата на вашиот автомобил и да има потреба од поскап ремонт.
Претоварување
Откако ќе станете сопственик на автомобил треба да знаете колку е максималниот товар кој возилото може да го носи. Таа бројка треба да ви остане во главата доколку не сакате да имате сериозни непријатности (односно да потрошите многу пари за ремонт најмногу на суспензијата). И кога некој ќе ве натера да пренесете ладилник или пијано тогаш кажете му дека треба да земе под наем товарно возило.
Забрзано успорување и запирање
Уште една навика, која може да ве чини скапо. Грубите успрорувања и запирања особено кога автомобилот уште не е со загреан мотор. При сличен маневар на возење го изложувате моторот на сериозен ризик. Покрај тоа се зголемува и потрошувачката на гориво и на масло се зголемува, а тоа е непотребно.
Десната рака на воланот
Меѓу возачите е распространето мислењето дека ако десната рака е поставена на менувачот тоа го зголемува притисокот и предизвикува штета. Според експертите тоа тврдење е спортно, но правилно е раката да се стави на менувачот само кога се менуваат брзините. Поради безбедноста добро е двете раце да се на воланот.
Одвлекување на вниманието
Често среќавна глетка особено при големи сообраќајни метежи е возач со цигара во уста, кој со едната рака го допира својот мобилен телефон, а со другата ги менува станиците на радиото. Во исто време со сето тоа треба и да се движи напред. Често завршува со запирање во браникот на автомобилот пред него. Сето тоа води соодветно и до расходи поради посетувањето на сервисот.