Пет модели на Citroen со проблеми со воздушните перничиња

ОБЈАВЕНО НА:

Европската комисија и нејзиниот систем за предупредување за опасност на продукти што не се за исхрана објави дека кај пет модели на Citroen е пронајден дефект со воздушните перничиња. Се работи за возила произведени во Франција, а првичните проблеми се забележани во Германија, а потоа и во модели продадени во Хрватска, Данска, Ирска, Полска, Словенија и Шведска.

Во образложението се вели дека „генераторот на гас кај воздушното перниче кај возачот и/или совозачот може да биде дефектен. Ова може да резултира со неконтролирано вклучување и полнење и ослободување на метални делови при активирање на воздушното перниче, предизвикувајќи повреда на патниците во возилото“.

Сите модели што се опфатени се произведени во периодото меѓу 2 септември 2009 до 12 април 2017 година.
Со сервисната акција ќе бидат опфатени следните модели.

Citroen C3 – произведени во период од 2 септември 2009 до 12 април 2017
Citroen C4 – произведени во период од 2 септември 2009 до 12 април 2017
Citroen DS5 – произведено до 12 април 2017 година
Citroen DS4 – произведени во период од 2 септември 2009 до 12 април 2017
Citroen DS3 – произведени во период од 2 септември 2009 до 12 април 2017

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK