Пeт грeшки при користењето на рачна сопирачка

ОБЈАВЕНО НА:

За некои возачи механичката рачна кочница не е само корисен систем за олеснување на работата на автомобилот, но се користи и во време на спортското возење, за управување со автомобилот во свиоци. Дали знаете дека при силно користење на механизмот на рачната сопирачка има огромен товар.

Ова често доведува до истегнување или кинење на сајлата, како и до брзо трошење на перничињата на сопирачките. Најопасната работа е таа ако ги прецените возачките способности, можете да почнете неконтролирано лизгање на автомобилот, што е многу тешко да биде надвладеано.

Експертите исто така одбележуваат дека заборавањето на крената рачна сопирачка е доста честа појава. Веројатно секој возач почнал да вози барем еднаш, заборавајќи да ја спушти рачната сопирачка. Невниманието може да предизвика брзо трошење на влошките и до прегревање на дисковите/барабаните на сопирачките. Покрај тоа менувачот и енергетската единица се под силен притисок, што очигледно нема да го зголеми експлоатацискиот живот.

Специјално внимание треба да се насочи кон „рачната“ во текот на зимата. На пример доколку после перење, автомобилот го оставите на рачна сопирачка и следи нагло ладење, трклата веројатно ќе замрзнат. Во тој случај е подобро да го оставите автомобилот во прва брзина (при механички менувач) или во режим на паркирање (при автоматски менувач). Ако се најдете во непријатна ситуација, кај која влошките на рачната сопирачка се замрзнати, можете да го загреете механизмот со топла вода така што ќе ја сипете над барабанот или дискот.

Многу возачи сакаат да ја туркаат рачната кочница до крај, буквално додека имаат доволно сила. Од тоа дејство нема потреба. Експертите потсетуваат дека при правилно прилагоден механизам рачната сопирачка треба да се повлече нагоре за околу 3-4 кликања.

Меѓутоа, доколку го оставите автомобилот на нагорнина од над 10 степени, силата на рачната кочница може да не е доволна и автомобилот може да тргне да се движи. Исто така, доколку го оставите автомобилот неподвижен подолго време, на пример во гаража, вклучете го менувачот и не ја чепкајте рачната сопирачка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK