Пет грешки кои се прават со менувачот

ОБЈАВЕНО НА:

Ако имате проблем со автомобилот еден од начините како да се отстрани е да се посети сервис или пак да се прочита упатството што го има во секој автомобил. Но, понекогаш и самите сме виновни за одреден проблем или дефект што може да се јави. Затоа треба да се знаат некои работи за да нема проблеми што потоа би влијаеле на безбедноста на автомобилот.

Во продолжение можете да ги видите петте најчести грешки кои ги правите со менувачот, а кои можат да донесат до дефект или лоша работа односно тешко менување на брзините.

Одморање на раката на менувачот

Првата лоша навика е одморање на раката на менувачот. Менувачот никако не смее да биде користен како одмор за раката бидејќи притисокот ја турка вилицта на менувачот и може да донесе до прерано трошење на вилицата што секако не е добро. Лесен допир при возење во одредена брзина нема да има големо влијание, но тежината на раката е притисок кој создава оптоварување на механичките делови и запчаниците во внатрешниот пренос на степенот на брзини.
Оваа напомена стои и во прирачникот за управување на возилото.

Држење на менувачот во брзина при стоење на семафор

Уште една лоша навика е држењето на менувачот во брзина при стоење на семафор. Зависно од условите и времето на чекање, прилагодете се на потребите на сообраќајот, но непотребно е оставање во првата брзина при подолго чекање или запирање. Временски не бара многу за да уфрлите во прва брзина, а многу подобро ќе биде ако притиснете на квачилото и ставите во неутрална позиција односно лер и притиснете на кочницата. Ќе си олесните со самото пуштање на квачилото кое е многу потешко да се држи притиснато до крај отколку лесно да се притисне на кочницата.

Држење на папучата на квачилото и постојано притискање на гаста

Кога станува збор нагорнина и тргање од истата тогаш доаѓа до проблем со движењто. Држењето на папучата за квачило и константно притискање на гаста доведува до трошење на механичкиот дел на квачилото при разлика во вртежите во моторот што зависи од притисокот на гаста. Затоа непрестајното одржување на автомобилот во движее или стоеље на нагорнина не е препорачкиво, па затоа е постојат подобри и штедливи начини.

Наједноставно е да се крене рачна кочница и да се почека додека навистина не треба да се тргне. Модерните автомобили најчесто имаат автоматски „Parking sistem“ кој се вклучува при притискањето на кочница и веројатно е биде вклучен на нагорнината и покрај притискањето на квачилото додека не се додаде гас. Многу кратко чекање ќе биде задоволено и само со притискање на кочниа и ако имате сигурно растојание од возилото зад себе тогаш можете тоа го направите и без рачка кочница.

Забрзување во превисок степен на пренос

Една од непотребните ситуации е забрзување во превисок степен на пренос. Затоа ако возите 50 км/ч, а сте во петта брзина на пренос она што не е добро е да го забрзате автомобилот во тој степен на пренос бидејќи не е подготвен за екстремно забрзување и неприродно е тоа да го очекувате. Бројот на вртежи е премал за да може навреме да забрзате. Затоа постојат многу посилни степени на пренос, односно пониски степени на пренос на брзината. Немојте да ви биде тешко да одвоите секунда и при нагло забрзување да го спуштите степенот на пренос во одговарачката брзина.

Задржување на ногата на квачилото иако автомобилот е во движење

Последната навика е задржување на ногата на квачилото иако автомобилот е во движење и потребата за тоа на брзите патишта не постои. Таканареченото одморање на ногата на квачилото е непотребно бидејќи постои можност да вршите притисок на механичките делови на менувачот на моторот кој не е со иста брзина како и спојот од страна на менувачката кутија со која се спојува.

Правилото кое секој го знае е и првенството на кочницата при застануање на возилото, па затоа немојте константно да ја држите ногата на квачилото бидејќи при застанување прво оди притискатање на кочница, а потоа на квачилото. За левата нога постои друго место во возилото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK