Во пресрет на новата сезона на Формула 1, Серхио Перез од екипата на Racing Point-BWT Mercedes премина во Red Bull Racing.
Оваа вест ја потврди самиот мексикански Формула 1 возач на твојот Твитер каде наведе дека е среќен што ја споделува веста со сите.
Презе во екипата на Red Bull го заменува тајланѓанецот Александер Албон кој оваа сезона ја заврши на седмата позиција со освоени 105 поени, 20 помалку од Серхио Перез кој заврши на четвртата позиција, зад Ферстапен, Ботас и Хамилтон.
Estoy feliz de compartir esto con todos ustedes, en 2021 correremos con Red Bull Racing.
I’m very happy to share this with all of you, we will drive for @redbullracing in 2021 #GivesYouWings pic.twitter.com/vFsEbL5D0C
— Sergio Pérez (@SChecoPerez) December 18, 2020
Инаку следната сезона започнува на 21 март со големата награда на Австралија која се вози на Алберт Парк во Мелбурн.