Патувате на одмор во Грција: Кои правила важат и што мора да имате во возилото

ОБЈАВЕНО НА:

Секој продолжен викенд, слободно време или одмор многумина го користат да заминат на море, а најблиску е Грција. За илјадници Македонци оваа дестинација е најчеста, и ги знаат сите патишта како најбрзо да се стигне до посакуваната дестинација.

Секое планирање на патувањата особено оние подолги, и во места каде знаете дека има патарина или други давачки за користење на патиштата може да ви заштеди пари, да не ви одземе време од патувањето, но, добро е да се знаат и законските прописи во земјата во која се патува.
Она што најмногу ги интересира возачите е колку ќе ги чини патувањето, колку ќе платат за гориво, за патарини, и други трошоци. И, нормално може ли нешто да се заштеди, и како? На што да внимаваат додека патуваат?
Како возач или учесник во сообраќајот треба да знаете и кои правила важат додека го управувате.
Она што е најважно при патување во Грција е дека таму е задолжително во опремата во автомобилот да имате противпожарен апарат, триаголник. Користење на рефлектирачки елек не е задолжителен но се препорачува.

Еве што треба да знаете при патување во Грција

* Во Грција нема да смеете да внесете месо, млеко и млечни производи. Дозволено е да внесете само четириесет цигари, или 50 грама тутун. Можете да пренесете и еден литар пијалак, кој содржи повеќе од 22 проценти алкохол или два литра со помалку од 22 отсто алкохол. Кога се работи за пиво смеете да внесете 12 литри, а пак вино четири литри.
Дозволено е и два килограма храна за бебиња, како и за миленичиња. Готовнината над 10.000 евра треба да се пријави кај цариниците.

* најголема дозволена брзина:
Во населените места: ограничување на брзината за автомобили (со или без приколка) од 50 км/ч. На магистралните патни правци – за автомобилите е 130 км/ч, а на регионалните од 90 до 110 км/ч. Мотоцикли – ограничувањето на брзината во населени места е 40 км/ч, на магистралните патни правци е 90 км/ч на регионалните ограничувањето е 70 км/ч.

* Употреба на мобилен телефон
Забранета употребата на мобилен телефон. Дозволена е употребата на HANDS FREE. Казна до 100 ЕУР

* Алкохол
Дозволено количество на алкохол во крвта е 0,05%, а за возачи почетници (помалку од 2 години), мотоциклисти и возачи на комерцијални и возила лимитот е 0,02%

Како возач или учесник во сообраќајот треба да знаете и кои правила важат додека го управувате возилото

* задолжителна опрема
Ремени: задолжително за сите седишта (казна 350 евра) Детски седишта: задолжително седиште за деца до 3 години, деца над 3 години, а пониски од 1,35м на задно седиште во детско седиште, постари од 12 г. и повисоки до 1,35 можат да користат ремени за возрасни Средно светло дење: задолжителни за моторцикли и мопеди. Прва помош сет: задолжително ПП апарат: задолжително Триаголник: задолжително Рефлектирачки елек: не e задолжителен, но препорачуваме.

* Цени на горива (за 1 литар)
Бензин БМБ-95 – 1,54 евра
Бензин БМБ-98 – 1,65
Дизел – 1,29 евра

* поважни телефони
Полиција – 100 или 112;
Брза Помош – 166 во Атина или 112; Противпожарна бригада – 199 или 112; ЕЛПА(инфо центар)-901 124 1600; ЕЛПА(аларм центар)-10400

* Казни
Недозволено паркирање од 40 до 80 €
Пречекорување на брзината
до 20 км/ч – 40 €
преку 40 км/ч – до 700 €
некористење на ремени – 350 евра
непочитување на пешак – 200 евра
минување на црвено светло – 167 €
возење во алкохолизирана состојба:
од 0,5 до 0,8 промили – 78 €
од 0,8 до 1,1 промили – 156 €
преку 1,1 промили – 625 €
телефонирање за време на возење – 100 евра
Задолжително користење на сите ремени
Задолжително е поседување против пожарен апарат
Задолжителна е прва помош

Следете не и на:

24AUTO NETWORK