Најдобрите места за пензионирање според климата

ОБЈАВЕНО НА:

Со наближувањето на годините за пензионирање се зголемува и желбата тоа да се случи на некое топло и сончево место. Новиот извештј на International Living наречен прирачник за пензионерите во странство, ги реди дестинациите каде што можат да се поминат доцните децении од животот, се разбира доколку вашиот план за пензионирање тоа го дозволува

„Преферирањето на метеоролошките услови се многу лични нешта“, вели Џенифер Стивенс, кој е извршен уредник на International Living.

„Една од најголемите предности на дестинациите, кои ние ги оценивме како највисоки во категоријата ‘Клима’ е дека сите тие нудат разновидни клими така што пензионерите можат да си го најдат своето место кое е им одговара најдобро за нивните вкусови и тоа од жешки плажи до ладни планини“, вели Стивенс.

Во продолжение можете да го видите топ списокот.

ЕКВАДОР

Џим Сантос, кој е дописник на International Living, вели дека Еквадор е со можеби најпријатна клима на планетата. Плажите се топли во текот на целата година и има ридови каде што дури и нема потреба од затоплување и климатизација.

КОСТАРИКА

Доколку ја цените топлината и студениот ветар тоа е вистинското место. Во централната долина на Костарика ќе најдете „вечна пролет“, според International Living.

„На плажите е потопло, а на планините поладно, но лесно можете да најдете различни варијации дури и во едно и исто место, само доколку отидете малку на повисоко или на некој рид“, вели Џон Мајкл Артур, дописник на International Living.

КОЛУМБИЈА

Тука нема потреба да се проверува температурата. Времето во Колумбија е или топло и тропско или со пролетни температури во зависност од регионот. И тоа се повторува последователно низ целата година, пишува International Living.

„Јануари изгледа и се чувствува исто како и јуни или октомври, вели допипсникот на International Living, Ненси Кирнан.

МЕКСИКО

Времето во Мексико варира значително во зависност од регионот. На север е поладно во зима, на југ, пак, температурите остануваа приближно исто во текот на целата година. Сепак, нема крајности за кои треба да се грижите.

„Целата земја е топла и мека. Паѓаат мали количини на снег само на највисоките врвови. Едноставно лесен блузон ќе ви даде комоција во неколкуте постудени вечери“, вели Џон Мери, кој е меѓународен соработник на International Living.

ПЕРУ ИЛИ ПОРТУГАЛИЈА

Перу исто така предлага места за луѓето кои сакаат различни временски услови.

„Речиси секоја климатска зона во светот може да биде најдена во Перу“, вели Стив Ливингстон од International Living.

Во северниот крајбрежен град Трухиљо ретко врне и средната температура е околу 21 степен. Во популарниот јужен град Арекипа, пак, ноќите се студени.

Средната температура во Португалија исто така е околу 20 степени, според International Living.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK