Сопствениците на електрични возила сега можат полесно да патуваат и надвор од Македонија во правец на Белград. Инсталиран е првиот полнач на автопатот Скопје – Ниш и тоа на наплатната рампа кај Прешево. Истиот бил тестиран и работи, пишуваат српските медиуми.
Србија планира да инсталира пет полначи за електрични возила на нејзините автопатишта, а ова е првиот, и тоа на коридорот 10. Следниот се планира да се инсталира набрзо на границата со Хрватска кај наплатната рампа Шид, а полнач ќе има и пред Белград на наплатната рампа кај Бубањ Поток.
Во август ќе се инсталираат уште два полначи на влезовите на патиштата со Бугарија (Димитровград) и Унгарија (Суботица). На сите овие места истовремено може да се полнат три возила, а секаде ќе има и бесплатен интернет.
Во Македонија засега електрични полначи има само во Скопје и тоа во неколку катни гаражи.