понеделник, 25 декември, 2025 година

Патишта со најскапи патарини во светот – две се на Балканот (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Австралискиот магазин Budgеt Dirесt спроведе анализа на најскапите патарини низ светот и направи интересно рангирање. Поконкретно станува збор за тоа во кои се најскапите патишта во просек каде треба да се плати за да може да е користи. при правењето на истражувањето искажаните цени се во долари, фунти и евра со цел да биде полесно за споредување.

Истражувачите заклучуваат дека во земјите каде што патарините се почести, просечната сметка обично не е многу голема. И обратно-колку помалку има платени платишта толку поскапо се вози по нив.

- Advertisement -

На пример, Швајцарија е лидер во рангирањето на просечните патни трошоци на патарините, каде што во просек возачите плаќаат 21,9 евра за патување. Во оваа земја има само две платени парцели, но и двете се многу скапи – тоа се тунели под Алпите. Сепак во Швајцарија се плаќа и вињетка за користење на нивните патишта.

Следни на списокот се Австрија, Фарските острови, Хрватска и Данска. Кај нас и во соседството е различно, некаде има патарина за користење на одреден дел од автопатот, а некаде се плаќа вињетка, а дополнително се наплаќа само за тунели или користење на мостови.

Од нашето соседство, иако баш и не е толку блиску, најскапи се патарините во Хрватска каде за две од нив навистина треба да издвоите доста пари. Едната е делницата од Риека до Дубровник (31 евро) а другата од Загреб до Дубровник (30 евра).

Оваа листа го покажува токму тоа рангирање на патиштата во неколку земји.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја