Патеката Монца пред распад – потребни се 60 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарната Формула 1 патека Монца е во очајна состојба и се заканува целосно затворање, изјави првиот човек на Автомото клубот на Италија, Анџело Дамијани.

Оваа патека во 2022 година слави 100 години постоење, а пред овој јубилеј, Дамијани под знак прашалник ја постави нејзината иднина потенцирајќи дека оваа патека со Формула 1 има договор за само уште една година.

“Имаме обврска за исплата за надокнада на Формула 1 и не можеме сите пари да ги потрошиме за многу итното реновирање на патеката. Во прашање е старата патека која се ближи до својата 100 годишница” изјави Дамијани за италијанските медиуми.

Тој додаде дека се потребни околу 60 милиони евра, пари кој во моментов патеката ги нема па оттука побарана е и помош од италијанската Влада како и регионалната влада на Ломбардија.

Дека состојбата со Монца не е баш сјајна говори и фактот што Формула 1 во изминатите години неколку пати потпиша кратокорчен договор, а организациониот одбор на ова натпреварување имаше низа забелешки на состојбата на патеката и придружните објекти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK