Оваа година во Србија се случија бројни промени во законот за сообраќај и јавни патишта. Најпрво беше воведено автоматското мерење, а потоа значително поскапеа техничките прегледи, а истите беа и два пати годишно воведени за постари автомобили.
Откако пред само неколку недели беа најавени новите радари кои ќе бидат поставени на неколку места на автопатите во оваа земја, сега в.д. директорот на ЈП Патишта Србија, Зоран Дробњак најави оскапување на патарините во оваа земја како и воведување на патарина на магистралните патишта низ Србија.
Во изјава за српскит емедиуми, Дробњак најави дека ќе поднесе барање за зголемување на патарините за 10%, но и воведување на патарина на магистралните патишта наменети за тешките возила од над 7.5 тони. “Покрај зголемувањето на приходите, така ќе ја зголемиме и безбедноста во сообраќајот” кусо изјави Дробњак за ТВ Прва.
Веднаш по објавувањето на оваа вест на социјалните медиуми кај нашиот северен сосед се крена бура од реакции. Останува да се види дали парламентот на Србија овој предлог ќе го усвои.