Passat ќе се пензионира и во Европа – веќе од 2023 година

ОБЈАВЕНО НА:

Пред неколку денови, Ралф Брандстетер, првиот човек на Volkswagen USA објави дека е донесена конечна одлука за повелкување на Passat од САД во текот на 2023 година.

Сега, Automotive News Europe објавува дека германскиот производител наводно донел одлука за ставање на крај на производството и продажбата на овој модел и од Европа.

Влијателниот магазин повикувајќи се на интерни извори од компанијата наведува дека по повлекувањето на моделот Passat од понудата, Volkswagen ќе посвети уште поголем фокус на SUV возилата и електричните возила.

При тоа, наследникот на Passat ќе се појави како нов, целосно електричен модел.

Дали оваа одлука ќе влијае врз појавата на претходно најавената нова генерација на овој модел останува да видиме во наредната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK