Градоначалничката на француската престолнина Ан Идалго се изјасни против кросоверите. Таа смета дека кросоверите и теренците ја загадуваат животната средина и претставуваат многу поголема опасност на градските патишта отколку компактните автомобили.
Според „Тајмс“, Идалго ќе поднесе предлог-закон во францускиот Сенат со кој на градските совети ќе им се даде овластување да забранат употреба на одредени приватни возила, како на пример, кросовери.
Предлог-законот ќе биде ставен на маса следната недела. Доколку биде одобрен и стапи во сила, тогаш нема да подлежат на ограничувања сите кросовери и теренци, туку само оние од луксузни и премиум брендови, како на пример Range Rover.
Тие се означени во проектот како „4x4s de luxe“ или „quatre-quatres de luxe“ » (луксузни автомобили со погон на сите тркала). Ова ги вклучува бензинските и дизел-кросовери и теренците со тежина од повеќе од 1,7 тони, како и електричните теренци со тежина поголема од два тона.
Според статистичките податоци, цитирани од „Тајмс“, кросоверите и теренците, кои би можеле да бидат забранети, сочинуваат околу 25 отсто од парискиот возен парк. Ова е уште една мерка против тешките автомобили, бидејќи претходно во Париз беше зголемена цената за паркирање на тешки кросовери и теренци.
Во центарот на градот е зголемен и сега е 18 евра на час наспроти 6 евра за автомобили од други класи. Освен тоа, во француската престолнина има забрана за сите автомобили во центарот на градот, освен ако нивните сопственици не работат во оваа област, не одат таму на шопинг, во ресторан или музеј.
Незадоволството на парижаните од големите автомобили се зголеми од минатиот месец, кога возач на теренец на Мерцедес-Бенц го уби 27-годишниот велосипедист Пол Вари. Возачот е обвинет за убиство од небрежност.