Градоначалниците на Париз и Лондон најавија дека ќе воведат систем за следење на реалните емисии на гасови од новите возилата со цел да се подобри квалитетот на воздухот во двата главни градови.
Шемата ќе бележи реални податоци за емисии на автомобилите додека се возат на патиштата низ Париз и низ Лондон, со што на граѓаните ќе им се понудат независни и пореални мерења на емисиите на штетни гасови од нови автомобили и комбиња, од оние што се добиваат на официјалните тестирања, а за кои се покажа дека не се секогаш точни.
Според градоначалниците на Париз Ан Идалго и на Лондон Садик Кан сметаат дека на овој начин потрошувачите ќе можат да направат подобар избор при купување на возило.
Шемата треба да содржи подетални информации од оние што се објавуваат и мерат според европските прописи.
Според градоначалникот Кан, секоја година во Лондон околу 9,000 луѓе умираат предвреме поради загадувањето на воздухот. Додека оваа бројка, според градоначалничката Идалго во Париз изнесува 2,500.
Според француските медиуми уредите за следење на емисиите ќе почнат да се поставуваат во следните неколку недели.