Парадокс: Никој не краде автомобил, сите сакаат да украдат тоалетна хартија!

ОБЈАВЕНО НА:

Како што се движат работите во последниот период тоалетната хартија стана повредна од златната плочка тешка 12 килограми. Шега на страна, никој веројатно нема да биде во состојба рационално да објасни зошто во време на коронавирус тоалетнта хартија доби така голема популарност. Зошто луѓето купуваат на големо и прават резерви во куќите и становите како да се работи за зимница.

Речиси никој повеќе не краде автомобили, но затоа од САД доаѓаат вести за десетици случаи на кражба на тоалетна хартија од автомобили. Во Северна Каролина вешти крадци успеале да украдат цела приколка која го превезувала овој вреден хигиенски материјал. Во момент снемало повеќе од осум тони. За среќа, полицијата успеала да ја пронајде приколката и да ја спречи кражбата.

Во Еуген и Орегон провалил во автомобил и украле два пакети тоалетна хартија. Такви извештаи има колку сакате. Полицијата привела не многу вешт трговец, кој од својот СУВ продавал пакети тоалетна хартија за 50 долари и тоа на паркинг пред трговски центар.

За крај, полицијата во Њупорт во Орегон им порачала на граѓаните повеќе да не се јавуваат на бројот 911 затоа што останале без тоалетна хартија. Полициската централа била оптоварена од повици на луѓе кои недостаткот на вредниот материјал го сфатиле како проблем вреден на полициска интервенција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK