Папата доби Lamborghini на подарок – ама нема да го вози

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанската компанија за луксузни автомобили Lamborghini му подари уникатен модел Huracan на папата Франциск, соопштија од компанијата. Подарокот му бил даден за време на приемот на поглаварот на Римокатоличката црква со шефови на компанијата.

Папата го прифатил возилото, но тој ќе биде продаден на аукција од меѓународната аукциска куќа “Сотби”. Добиените средства ќе бидат донирани за добротворни цели, како една од нив е обновувањето на христијанските заедници во Ирак, кои настрадале од окупацијата на исламистите од идила.

Lamborghini не е првата компанија која подарува возило на папата Францис. Пред извесно време од Ватикан дадоа на аукција мотоцикл “Харли Дејвидсон”.

Цената на моделот Huracan е околу 180 илјади евра, но очекувањата се дека потпишаниот од папата автомобил ќе собере поголема сума. Аукцијата е закажана за 12 мај.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK