Паметна полиција: Против пребрзите возачи со камера сместeна во мобилно WC!

ОБЈАВЕНО НА:

Полицијата од Холандија смисли оригинален и нов начин на криење на камерата на автопат која се наоѓа во мобилен тоалет. Оваа недела мобилниот тоалет, кој возачите популарно го нарекоа Дикси, бил виден во Марсен.

Дикси минатата година првпат беше употребен од полицијата на Средна Холандија. Тоалетот беше на приколката на Volkswagen Caddy, а на него стоеше знак „работи на патот“.

Камуфлажата била целосна бидејќи и инспекторите носеле портокалови елечиња за да изгледат како работници на автопат. Тоалетот претходно бил виден во Алмере каде што 59 возачи добиле карта за пребрзо возење.

Полицијата станува сè поинвентивна кога е во прашање криење на камера. Со години во близина на Нојвојсен користела канти за ѓубре, а за криење на опремата се користат и столбови за огласување и неславни автомобили.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK