Palladium – шестметарски ексклузивен теренски седан со висина од два метри (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Aznom која е сместена на Монца, а работи главно во областа на луксузни производи од кожа, објави дека само после неколку неделни на крајот на октомври ќе го претстави „првиот хипер автомобил во светот“.

Автомобилот, кој во моментов може да се види само на скица се нарекува Palladium и според неговите автори е инспириран од луксузните флагмани, користени од државните лидери за време на официјални средби.

Без да навлегуваат во детали од Aznom споделуваат дека седанот Palladium нема да има конкуренција во светот во однос на искористените материјали, склопот и целосното ниво на луксуз, а интересен акцент кај автомобилот ќе биде тоа што благодарение на четирите погонски тркала, тој ќе тежнее и кон квалитет за движење во офроуд средина.

Друго, што споделуваат од Aznom за Palladium, е дека ќе биде висок 2 метри и долг шест метри, а тоа е дека е планирано лимитирано производство.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK