Да се стави колаген на усните станува мода со цел да се добијат бујни усни кои истовремено ќе изгледаат и заводливо. Но, тоа понекогаш може да донесе и проблеми, а козметичарка од Манчестер останала без возачка токму поради тоа.
Оваа 20-годишна козметичка морала да се прости со возачката дозвола откако не успеала да даде примерок за алкохол поради премногу надуваните усни. Скарлет Харисон, позната по учеството во неколку британски реални шоуа, се обидела на четири пати да дувне во дрегерот но воздухот излегувал отстрани и апаратот не можел ништо да покаже, пишува Metro.
Неуспешниот тест за трезвеност бил направен кога полицајците ја сопреле Скарлет за контрола и почувствувале мирис на алкохол. Тие побарале од младата жена да дувне за да се провери дали им аалкохол во крвта, но колагенските импланти во усните и ‘се покажале толку големи што не можеле добро д аго изведат мерењето.
По четвртото неуспешно дување полицајците се посомневал во оправданијата на Харисон и ја обвиниле за одбивање да биде проверена за употреба на алкохол, за што британските закони предвидуваат исклучително строги казни.
Случајот стигнал до судот во Манчестер, каде што адвокатот на Скарлет ја повторил својата верзија. Тој објаснил дека освен имплантите пречки да даде примерок проблем бил и белег на едната усна добиен по нападот што козметичарот го добила по конфликтот во Ибица каде што го поминала летото.
На крајот, судиите ги прифатиле образложението на Скарлет, но ја лишени од правото да вози автомобил во следните 16 месеци. Покрај тоа, Харисон морала да плати казна од 160 фунти (181 евра) плус 150 фунти (170 евра) како трошоци за судот.
Меѓутоа, проблемите на козметичарот не завршиле тука. Откако дознал дека е пијана, нејзиниот татко веднаш го продаде “мини” што го купил за ќерка си. Так аостанала без возачка и без автомобил.