Падна нов рекорд за најскапо возило продадено на аукција

ОБЈАВЕНО НА:

Ferrari 250 GTO произведено во 1962 година постави рекорд за најскап автомобил продаден на аукција. Непознат купувач плати 48.405.000 долари за италијанскиот бисер и тоа на аукцијата на RM Sotheby’s во Монтереј. Со ова беше надминат претходниот рекорд од 2013 година кој беше сопственост на друго 250 GTO, кое беше продадено за сума од 38.115.000 евра.

Шокирачката цена се објаснува со историјата која ја има возилото. Од моделот се произведени само 36 примероци, а новиот рекордер е уште поредок. Шансијата со број 3413 е една од четирите кои своевремето беа доработени од Scaglietti, и една од седумте со поагресивна каросерија на Pininfarina. Таа е пониска, поширока и покуса од купето на стандардното 250 GTO.

Автомобилот бил возен од Фил Хил, еден од најголемите американски пилоти. Toj го освојува италијанскиот GT шампионат и Targa Florio (двапати), а меѓу 1962 и 1965 година забележува повеќе од 15 победи во различни натпреварувања.

Иако го сруши рекордот за најскап автомобил, тоа 250 GTO не е најскапото возило кое некогаш е продадено. Порано годинава во приватна зделка за GTO, но од 1963 година според рзлични извори биле платени меѓу 70 и 80 милиони долари.

Во 2013 година уште еден GTO го смени својот сопственик за 52 милиони долари, а и тогаш зделката беше со личен договор меѓу продавачот и купувачот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK