Падна нов рекорд на Cannonball: Од еден до друг брег на САД за помалку од 28 часа (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Мoдифицирaн Mеrсеdеs-Bеnz Е63 АMG успеа да го помине растојанието од Њујорк до Лос Анџелес за време од 27 часа и 25 минути и успеа да постави неофицијален рекорд за најбрзо поминување на Соединетите Американски Држави од еден од друг брег, познат како Саnnоnbаll. Претходното најдобро постигнување беше на друг состав со Mеrсеdеs-Bеnz СL55 АMG во 2013 година кога првпат беше спуштено времето под 30 часа.

Новите рекордери се Арне Томан, Даг Табат и Баркли Чевдик кој успеаја далечината од 2825 милји (4545 километри) од Менхетен до плажата „Редондо“ во Калифорнија со средна брзина од 103 милји на час (166 км/ч) да ја поминат со само едно запирање за полнење од едвај 22 минути и 30 секунди. Маршрутата била само низ цивилна патна мрежа со соодветни ограничувања така што рекордот е апсолутно законски.

Сребрениот седан Е63 АMG e е изработен специјално за предизвикот. Моќноста на моторот е зголемена до 700 коњски сили со помош на нови турбокомпресори и уште некои доработки. За да ја избегнат полицијата, Томан, Табат и Чедвик во автомобилот инсталирале радиостаница со два радар-детектори, пригушувач за ласери, термален уред за ноќно гледање и авијациски систем за за предупредување на судири, кој го предупредува тимот за патролни хеликоптери.

Автомобилот е модифициран и однадвор за потешко да се препознва. Целата каросерија била излепена со сребреста фолија, со помош на која било променета и формата на стоп светлата така што одзади автомобилот потсетува на Hоndа Ассоrd од осма генерација.

За да запираат најретко што може, Томан, Табат и Чедвик во багажникот монтирале и втор резервоар. На бордот имало исто така стабилизиран двоглед со кој патролите можеле да бидат забележани оддалеку.

Тимот сметал на близу 20 гледачи сместени на клучните места на маршрутата. Триото постојано било следено и од страна на апликацијата Waze во кој се маркира местоположбата на полициските патроли.

Поради рекордот Томан, Табат и Чедвик ризикувале не само да добијат огромни казни туку и ефективни пресуди. Затоа ниту еден од тројцата не си дозволува да каже кој во кој дел од машрутата се наоѓал зад воланот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK