Пад на увозот на возила во август во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

Пад на увозот на возила во август годинава споредбено со претходниот месец, но и истиот месец минатата година, покажуваат официјалните информации на Царинската Управа на Република Македонија.

Според податоците, во август годинава се увезени вкупно 3.022 возила. Од нив, 414 се нови, а преостанатите 2.256 се употребувани. Во оваа бројка вклучени се и товарните моторни возила (122 нови, 218 употребувани) и автобусите и минибуси (вкупно 12).

Иако е пат во споредба со јули кога се увезени 3.251 возила, август е втор месец годинава според вкупниот број на увезени возила. Сепак оваа бројка е далеку помала со истиот месец минатата година кога се увезени 4.046 возила.

Коронавирусот е секако голем причинител за овој резултат и покрај тоа што има мало опоравување. Некои од европските земји веќе воведоа субвенции со цел да го раздвижат пазарот на нови возила. Дали и тоа ќе се воведе кај нас останува да видиме.

[totalpoll id=”43475″]

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK