Пад на продажбата во светот: Годинава продадени 7,1 проценти помалку возила од лани

ОБЈАВЕНО НА:

Во првата половина од 2019 година во светот се прорадени 7,1 проценти помалку автомобили отколку во истиот период од годината во минатата 2018. Процентот во Европа за истиот период изнесува 3,1 отсто.

Според податоците на организациите VDA i ACEA, речиси сите значајни пазари се во пад, а пораст е забележен единствено во Бразил.

Во Европа годинава се продадени 3,1 проценти помалку автомобили, а најлошо е во Кина во која оваа година се проддени дури 14% помалку возила. Конкретно во Кина се продадени дури 1,6 милиони помалку возила што би можело да укажува на големи проблеми за речиси сите произведувачи кои многу инвестираа во Кина во последните години очекувајќи незапирлив раст на продажбата.

Уште една лоша вест е големиот пад во Индија (10,3%), а оваа земја покрај Кина е главата за растот за светската автомобилска индустрија. Намалена е и побарувачката за автомобили и во САД, Русија, Јапонија и други земји. Во Европа се забележани чувствителни падови на пазарот, а најмногу во Скандинавија. Големи раст бележат единствено Литванија и Романија.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK