Покрај витамините што ги содржи овошјето, барем некое, може да се користи и за други цели, на пример за заштита. Ова го знае и BMW и во иднина нивните вработени ќе имаат заштитни кациги изработени од овошје. Се работи за Помело, кое е големо колку грејпфрут. Има цврста структура и кога ќе падне од високо дрва, не се деформира ниту крши, а тоа е добра основа за користење за заштита.
Заедно со универзитетите и група на германски компании, BMW се инспирираше за нова технологија, BISS (Bio Inspired Safety Systems).
Кората на Помелото е особено добра при апсорпција на удар, бидејќи тоа е ауксетички материјал. Ова значи дека кога работите растат, супстанцијата станува погуста. Проектот исто така ги испитуваше и рибите и алигаторите за нивните заштитни својства.
Набљудувајќи ја на природата, истражувачите во овој проект ги копираа овие структури за да создадат пени и композитни текстили. Тие потоа ги примениле на прототипи за сигурносна опрема, како што се ракавици и заштитни влошки, што била 20 проценти полесна, поцврста и постабилна од сегашните материјали.
BMW меѓу првите размислува како да ја спроведе оваа нова заштитна опрема за работниците во своите фабрики, но фирмата гледа и начини да го доведе материјалот на пазарот. Бидејќи предметот е прозрачен и нуди флексибилност, може да има примена во опрема за мотоциклисти. На пример, прототип шлем има исто ниво на заштита на главата, но тежи помалку од сегашните модели.