Овој Трактор е како болид во Формула 1 – крена 241 км/ч (ВИДEO)

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на стопанска и целокупна техника JСB од Велика Британија го подобри сопствениот светски рекорд за брзина со трактор. Врвното постигнување е дело на мотоциклистот Гај Мартин, кој преку летото успеа да ја забрза машината Fаstrас дo 167 км/ч.

Тој резултат останува во минатото бидејќи новиот рекорд е поставен на пистата на аеродромот во Елингтон во Велика Британија. Тракторот кренал 241,4 км/ч, но во „Гинисовата книга“ на рекорди ќе биде запишан по скромниот показател 217,6 км/ч, со оглед на тоа што се смета средната брзина од двата обиди.

За да ја зголемат моќноста нa Fаstrас, инжeнeритe нa JСB го доработиле моторот. Тој е снабден со електричен компресот, притисокот е зголемен за 230% и е монтирана нова пумпа за горови со притисок до 2500 бари.

Од компанијата не даваат информација за точната моќност, но таа сосема очигледно ги надминува за многу досегашните 1014 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK