Овој месец премиера на серискиот Nissan Magnite

ОБЈАВЕНО НА:

Во јули годинава Nissan го претстави концептот Magnite кој претставува мал урбан кросовер, Сега се е подготвено за серискиот модел кој треба да биде премиерно прикажан во текот на овој месец.

Овој модел е со должина од речиси четири метри. Се базира на CMF-A+ платформата која ја користат неколку модели од Renault-Nissan-Mitsubishi Алијансата. Оттука Magnite ќе дели бројни компоненти како и Capture.

Располага со 1,0 литарски бензински мотор со 72 КС и 96 Nm. Во понудата место има и и за помоќниот мотор со 95 КС. Не се очекува помоќна мотористика од проста причина што станува збор за мал SUV со околу четири метри должина.

Nissan Magnite

Во слободна продажба доаѓа во јануари следната година и тоа најверојатно ќе биде дел само од понудата на Nissan во Азија. Продажната цена не е позната, но истата се очекува да биде конкурентна на локалните конкуренти Hyundai Venue, Maruti Vitara Brezza, Tata Nexon, Ford EcoSport, Mahindra XUV300…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK