Овој Mercedes навистина го возела баба – и се продава!

ОБЈАВЕНО НА:

Кога барате половно возило од странство, особено од Германија еден од честите изговори на препродавачите е дека автомобилот бил возен само на автопат, го управивал некој пензионер или некоја баба. Некои пак ве уверуваат дека тој автомобил го користеле само за локална употреба, и слично. Сепак еден среќник успеал д анајде возило што навистина го возела баба, и го купил дури и евтино, пишува списанието Road and Track.

Станува збор за 42-годишен Mercedes-Benz 450SLC AMG. Непознатиот купувач имал среќа да добие реткото купе со беспрекорна сервисна историја за речиси 14.000. И ако им се верува на официјалните податоци и фотографиите, истото возило навистина и припаѓало на некоја баба.

Според официјалната верзија продавачна возилото е извесна г-ѓа Бозем која го купила автомобил на 1 јуни 1977 година. Мерцедесот се користел до 1985 година, кога семејството решава да се пресели во Санта Барбара, Калифорнија.

Г-ѓа Бозем, се разбира, не можела да се раздели со својот сакан автомобил и ја однела со неа во САД. Го користеле до пред 5 години, без да штеди пари за одржување и сервис.

Изгледа дека при увозот во САД се направиле некои дополнувања што се бараат со закон. Предните светла се сменети со американски, а оригиналниот инструмент-табла е променет со таков што покажува милји наместо километри.

Тапацирот на предните седишта, исто така, не изгледа како 42-годишен. Сепак, темно црвениот 450SLC AMG изгледа одлично и дефинитивно вреди пари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK