Овој Citroen го има само тука – а можеби ќе дојде и кај нас

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата преку својот бренд Citroen веќе подолго време е присутна на пазарот во Кина. Иако со не толку големи успеси како германските брендови кои се присутни во Кина, овој бренд бележи солидни продажни бројки.

Со цел да одговори на специфичните барања на кинеските купувачи PSA Групацијата разви(ва) специјални модели наменети исклучиво за овој пазар. Еден од нив е моделот C6, онаков каков што за нас во Европа, но и другите региони од Светот не е познат.

Добро знаеме дека во Кина сите лудуваат по големите седански и SUV модели, па иако во Европа продажбата на моделот C6 запре во 2012 година, сепак во Кина е во продажба и тоа од 2016 година. Секако, дизајнот е во целост различен од оној модел што ние го знаеме.

Image result for Citroën C6 china

Се темели на PSA PF3 платформата истата која се користеше и кај европскиот модел на C6, но и претходната генерација на Peugeot 508 и Citroen C5. Должината изнесува 4.980 mm, висината 1.475 мм, ширината 4.980 мм додека пак меѓуоскиното растојание изнесува 2.900 мм.

Во внатрешноста доминира 8” екран кој овозможува интеграција на смарт уреди, а истата е инспирирна од моделот C5 Aircross.

Related image

Доколку се знае фактот дека C5 Aircross најпрво беше претставен на кинескиот пазар, а потоа по една година и во Европа, не е ни чудно доколку овој модел наскоро го видиме во европската понуда на Citroen.

Инаку овој модел во Кина се продава по цена од 279.900 кинески јуани што изнесува приближно 36.500 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK