Секојдневно се измислуваат најразлични новитети и изуми кои понатаму служат за поекономично, па и поеколошко користење на превозните средства. Сега се користат сѐ поразлични, еколошки и лесни материјали, а последниот во низата изуми е – мотоцикл од дрво.
И не само што е направен од друго, истиот користи гориво направено од морски алги.
Идејата и реализацијата е на двајца луѓе од Холандија, научник и дизајнер. Тоа е нивната визија за иднината на мотоциклизмот.
Сѐ е направено со согласност со принципите на екологијата. Останува да се види дали и колку овој изум може вистински да се користи во секојдневието.
Видеото во прилогот ќе ви ги открие сите тајни.