Овој бренд владее со Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Пазарот на нови автомобили во Кина последните пет-шест години претставува примамливо место за натпреварување за сите производители, како јапонските така и европските и американските. Секако тука се и домашните, кинески производители кои за нас се помалку познати.

На овој пазар веќе некое време активно учествуваат Mercedes, BMW, Audi, Volkswagen, Citroen, Peugeot, но и јапонските Toyota, Honda, Nissan…

Но дали некогаш сте се запрашале кој е најпопуларниот бренд? За изненадување на повеќето (или не) тоа е домашниот бренд Haval кој е во сопственост на Great Wall Motors.

Овој бренд веќе една деценија е најпродаван во Кина, а во последните шест месеци кинезите купиле 352.872 автомобили од овој бренд, а од самото формирање на овој бренд продадени се над 5 милиони возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK