Овие звуци на автомобилот не смеете да ги игнорирате

ОБЈАВЕНО НА:

Често додека возите се случува од автомобилот да се појави необичен звук, а тој притоа како да сака да ве предупреди за некаква неправилност во работата или за некаков дефект.

Според звукот може да се препознае и дефектот бидејќи ако се открие во почетната фаза тогаш и трошокот за негово поправање во правило не е многу голем.

Што значат карактеристичните звуци?

*Зуење во „лер“ укажува на оштетување на ременот. Најдобро е истиот веднаш да се смени бидејќи неговото пукање може да предизвика сериозен дефект на моторот.

*Ако звукот на длабоки тонови се засилува со зголемувањето на бројот на вртежи тогаш се работи за потрошено лежиште на алтернаторот или водената пумпа. Важно е веднаш да се изврши поправка бидејќи може да се оштети оската и роторот, а водната пумпа може да откаже во истиот момент и да предизвика голема штета.

*Ако при возењето слушнете тропање или стругање кое се менува со брзината при возење и вртењето на воланот, а престанува кога автомобилот ќе запре, тогаш се работи за лежиштето на предните тркала. Истрошените лежишта треба веднаш да се изменат бидејќи задоцнетото интервенирање го зголемува динамичното оптоварување на трапот што може да предизвика оштетување на зглобот.

*Доколку при пуштањето на папучата од кумплунгот автомобилот почне да тресе како сè да ќе се распадне тогаш причината е во нерамномерното трошење на лемалата, потисната плоча или на површината на замаецот. Не одолговлекувајте со попраката бидејќи трошоците можат значително да се зголемат.

*Пукањето кај вртењето укажува на оштетување на хомокинетичкиот зглоб. Тој најчесто страда поради неправовремена измена на оштетениот дел, кој ја задржува маста за подмачкување и спречува истурање на лизгави површини со топчиња.

*Доколку при кочење слушнете метално стругање тогаш веднаш проверете ја истрошеноста на облогите на кочниците и по потреба заменете ги. Немојте да го одолговлекувате моментот бидејќи на тој начин може да се уништи дискот, а кај некои автомобили (Zastava или постари модели на Fiat) истрошената диск-плоча може да испадне од лежиштето со несогледиви последици.

*Пукање и детонација од ауспухот укажуваат на проблеми со палењето. Проверете ја состојбата на свеќичките и по потреба заменете ги. Причината може да биде во неподесениот агол на претпалење, а понекогаш сè се случува поради изгорениот кондензатор.

*Ако во режим на мирување вашиот мотор почне засилено да лупа во метал, а има вграден фазен ланец за погонот на брегастата оска, проблемот е во него (истрошеност или истегнување). Во поблагите случаи доволно е да го смените ланецот, а во потешките ќе мора да се смени целиот сет заедно со ланчињата.

*Звукот „так-так-так…“ укажува на нарушен вентил, а тој, зависно од конструкцијата на моторот, се подесува со штрафови или со вметнување на одговарачки подлоги.

*Ротацијата на моторот е предизвикана поради неодговарачко гориво односно неговите прениски октански вредности.

*Ако слушнете тропање при преминување на нерамнини, најверојатно откажуваат топчестите споеви, зглобовите или амортизерите, кои секогаш треба да се менуваат во пар (што ќе биде сменето на левата треба и на десната и обратно).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK