Овие возила најмногу се крадат – внимавајте ако сте сопственик на некој од нив!

ОБЈАВЕНО НА:

Крадењето на автомобилот не секогаш завршува со среќен крај за сопственикот. Некогаш возилата се крадат заради препорадавање, некогаш за делови – се расклопуваат и деловите се продаваат. Постои верување дека некои брендови или возила повеќе се крадат од другите.

Влијателниот и читан британски сајт за автомобилизам WhatCar? повикувајќи се на официјални податоци од безбедносните служби на Велика Британија направи рангирање на 10-те најкрадени автомобили во оваа земја.

Минатите години на територијата на Велика Британија биле евидентирани 52.288 кражби. При тоа 40% од украдените автомобили биле вратени на сопствениците, а останатите 60% не биле пронајдени.

На 10 позиција со 456 украдени автомобили се најде Audi A3. Потоа следи BMW серија 5 со украдени 506 автомобили. 612 сопственици на Mercedes Е класа пријавиле кражба на нивниот автомобил.

Land Rover Discovery е доста интересен за крадците. Вкупно 791 примероци од овој SUV биле украдени. Vauxhall Astra со 836 украдени примероци се наоѓа на шестата позиција.

На листата најкрадени пет автомобили се наоѓаат уште и:

1. Ford Fiesta 2.384
2. Range Rover 1.917
3. Volkswagen Golf 1.331
4. Ford Focus 1.200
5. BMW серија 3 1.042

За жал кај нас МВР нема детална статистика за кражбата на возила, а уште помалку по брендови или тип на возила. Последните податоци објавени од МВР велат дека во 2018 година биле пријавено 1.692 кражби на возила, односно 9,9 отсто помалку од 2017 година. Но, без детали по вид, модел, градови… ниту пак колку од тие кражби се разјаснети..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK