Земјите од Африка и од Блискиот исток, кои се опустошени од војна и глад, остануваат меѓу најсиромашните во светот, а тие се рангираат според податоците добиени од страна на Меѓународниот монетарен фонд.
Двапати годишно ММФ публикува огромно количество на податоци за економска моќ на светските држави, а бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител е основниот показател.
ММФ ги класифицира земјите во светот според купувачката моќ по глава на жител Тој показател ја зема предвид цената на животот и стапката на инфлација во земјите, за да ги израмнат стандардите на живот меѓу различните нации.
Повеќето од земјите кои се при врвот во класификацијата се под авторитарен режим и со значително високо ниво на корупција.
Во продолжение можете да ги видите сите 28 држави каде БДП по глава на живел е под 1000 долари годишно.
КЛАСИФИКАЦИЈА
28. Судан – 992 долари
27. Бенин – 966 долари
26. Чад – 919 долари
25. Непал – 918 долари
24. Мали – 917 долари
23. Гвинеја Бисау – 910 долари
22. Етиопија – 909 долари
21. Коморски острови – 869 долари
20. Таџикистан – 848 долари
19. Хаити – 847 долари
18. Руанда – 819 долари
17. Гвинеја – 816 долари
16. Буркина Фасо – 750 долари
15. Либерија – 722 долари
14. Уганда – 711 долари
13. Того – 698 долари
12. Авганистан – 601 долари
11. Нигер – 510 долари
10. Сиера Леоне – 505 долари
9. Гамбија – 500 долари
8. Мадагаскар – 479 долари
7. ДР Конго – 477 долари
6. Мозамбик – 472 долари
5. Јемен – 449 долари
4. Централна африканска република – 425 долари
3. Малави – 342 долари
2. Бурунди – 339 долари
1. Јужен Судан – 246 долари