Вкупно 12 премиери на концептни автомобили се најавени за саемот во Франкфурт. BMW, Audi, Hyundai и Opel ќе претстават два концепти додека по еден ќе имаат Continental, Cupra, EDAG и Mercedes-Benz.
BMW ќе претстави два концепти и тоа M Next Vision кој беше и претходно претставен, но сега ќе ја има саемската премиера, а тука е и новата серија 4. Audi пак на штандот ќе ги има Al:TRAIL Quattro и E-Tron FE06 Racer.
Hyundai ќе го претстави концептот 45 чиј изглед е веќе познат, а целосна енигма е електричниот спортски автомобил кој исто така ќе биде претставен на овој саем. Opel пак, ќе претстави нов концептен SUV како и рели изведбата од електричната Corsa.
Спортскиот бренд на SEAT, Cupra ќе го претстави Tavascan EV концептот, а електрични концепти ќе претстават и Continental и тоа 48v Hybrid, EDAG CityBot и Mercedes-Benz EQ.